во ,

8 Oбични работи кои ги имаме денес, а за неколку децении ќе исчезнат

Иако никој не може да каже каква навистина ќе стане реалноста, сепак сигурно е дека некои работи ќе се променат.

Обични работи кои за неколку децении речиси ќе исчезнат:

Пластика – речиси и нема да се користи, ќе биде заменета со биоразградливи материјали.

Личен простор и приватност – ќе имаме сѐ помалку интимен простор, односно ќе постојат бази на податоци, безбедносни камери насекаде, фацијално препознавање и тешко дека ќе може да направиме чекор без да се знае за истиот.

Реклама

Природно забременување – благодарение на технолошкиот прогрес, многумина ќе ги бираат генетски карактеристики за децата, а оплодувањето ќе биде вештачко.

Злато – резервите на злато се трошат и се смета дека за околу 20 години повеќе нема да има резерви на злато.

Продавници – купувањето на производи ќе се сведе на онлајн нарачки.

Пошти – многумина и сега ги „заобиколуваат“ и се користат само кога мора, а пак во иднината речиси сѐ ќе се испраќа виртуелно.

Хаос во сообраќајот – со напредокот на вештачката интелигенција ќе се направат калкулации како да не се создава хаос, а ќе се избегнат незгодите кои се резултат на човечки грешки.

Антибиотици – неконтролираното земање на антибиотици резултира со отпорност на нив на некои болести, па се смета дека во иднина ќе има специјални антитела кои ќе се вбризгуваат во нашите тела, а главната цел на научниците ќе биде се навикнеме на соживот со микробите.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Ситуации во кои сите реагираме погрешно

Море те гледам се си испаднат со тоа тракторот, нели те стра од ваа Корон’та…