во ,

8 скриени психолошки проблеми што нередот во домот ги открива за вас

Желбата за чистење е карактерна одлика и ја немаат сите. Па, можете да кажете многу за личноста, само ако погледнете како ги мие садовите или како ја чува нејзината облека. Кога ќе обрнете внимание на начинот на којшто го организирате вашиот простор, можете да научите многу работи за себе. Па погледнете што може да ви открие нередот во вашето опкружување.

1. Сите предмети се скриени во фиоки, гардеробери и кутии

На прв поглед, домот на оваа личност може да изгледа совршен – чист под, наредени полици… Но штом ќе ја отворите фиоката или гардероберот, можете да видите скршени ножици и пенкала, стари кредитни картички или истуткана облека.

Реклама

Начинот на којшто изгледа нешто ни е важно на сите, но најмногу на драматичните луѓе. Тие сакаат да ја покажат најдобрата страна од нивниот карактер и прават многу за да ги импресионираат другите. На овие луѓе им е полесно да ги сокријат старите и непотребни работи, наместо да се ослободат од нив. Најчесто поважно им е да го направат нивниот дом атрактивен, наместо чист.

2. Нема никакво реновирање

Некои луѓе со години живеат со расипана чешма, неваросани ѕидови и ги чуваат работите во кутии. Често го третираат нивниот дом како привремен, како да планираат да се преселат во друг град, да најдат работа во странство или едноставно чекаат да им се промени животот.

Но, понекогаш, овие луѓе живеат во „привремените“ места со години. Од психолошка гледна точка, овие луѓе настојуваат да живеат во иднината и да ја гледаат низ розови очила. Ја гледаат сегашноста како привремена неудобност која треба да ја трпат. Од друга страна, немаат некој цврст план, навикнати се да живеат вака и се надеваат дека некој однадвор ќе им ја промени ситуацијата.

3. Неуредна работна маса или канцеларија

Кога станува збор за психологијата, работниот простор е најинтересното место во домот. Некои луѓе средуваат сè во папки, а папките ги редат на полици. Дури пак мешаат сè – сите хартии, пенкала моливи и слично, им зафаќаат место и се прекриени со прашина. Ова може да укажува на висока самодоверба и незрелост.

Дури и ако вашата работна маса е неуредна, сепак можете да работите и да го најдете она што ви треба. Ова често не е лошо и многу пати неуредната работна маса е знак за креативна и иновативна личност.

Доколку го користите просторот и за други нешта освен за пишување на компјутер, како на пример за цртање, најверојатно работниот простор нема да изгледа многу чисто.

4. Валкани садови, валкана облека и полна корпа за ѓубре

Малку луѓе можат да кажат дека сакаат да чистат. Но некои луѓе толку многу го мразат чистењето, што станува страшно. Тие го собираат целото ѓубре дома, или ги оставаат садовите во лавабото сè додека не сфатат дека немаат повеќе чисти.

Одложувањето е проблем со кој се справуваат многу луѓе и најчесто се случува кај секојдневните активности. Изгледа многу пологично да работите помалку и поредовно, наместо наеднаш да сработите многу. Но луѓето користат изговори како немање време и се убедуваат дека ќе исчистат утре. Доколку забележите дека го правите ова, почнете со мали нешта. Измијте ги садовите веднаш после јадење, фрлајте го ѓубрето секој ден… Ова ќе ви помогне да формирате здрава навика и сè да завршувате навреме.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 нешта што никогаш не би требало да ги порачувате во ресторан

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници