во ,

84-годишен фармер стана јутјуб-ѕвезда поради неговите совети за животот

Британецот Џон Батлер е поранешен фармер, а во неговата 84 година стана јутјубер кој има над 120.000 следбеници. Голем број луѓе му се благодарни за советите што ги добиле од него за време на пандемијата.

Неговите видеоснимки, во кои зборува за животот и за медитацијата, имаат милиони прегледи. По интервјуто во 2016 година тој станал популарен меѓу луѓето кои практикуваат автономен сензорен меридијален релфекс (АSMR).

АСМР-методите на опуштање и масирање се разликуваат од култура во култура, но зависат и од самиот поединец. Станува збор за пријатно чувство предизвикано за време на масирање на ‘рбетот, чешлање на косата, звуци, вибрации и слично.

И додека бил фармер, Батлер медитирал. Со неговите совети им помага на другите да се релаксираат ментално. Како што вели, не знаел што е „Јутјуб“ и многу малку знаел за интернетот. Неговиот јутјуб-канал се вика „Духовен расплет со Џон Батлер“ (Spiritual Unfoldment with John Butler).


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен нов доказ за постоењето на вонземјаните во древниот град на Маите – Паленка

Херој на денот Куче ѝ го спасило животот на жена што сакала да се самоубие