во , ,

9 Интересни факти за земјата во која само 20 отсто од населението користи интернет, а 99,7 отсто од луѓето се писмени

Климата во Туркменистан е повеќе од фасцинантна – во текот на летото температурите можат да достигнат и до 50 степени, додека пак во текот на зимата одат и под нулата.

9 неверојатни факти за Туркменистан:

1. Речиси 80 отсто од површината на Туркменистан во целост ја покрива ненаселената пустина Каракум.

2. Климата во Туркменистан е фасцинантна – во текот на летото температурите стигнуваат и до 50-от степен, додека во текот на зимата можат да бидат под нулата и да врне снег.

3. Во Туркменистан речиси 90 отсто од жителите работат државна работа.

4. Земјата е четврта по ред по залихи на природен гас на светот. И покрај тоа, над 60 отсто од населението живее во сиромаштија.

5. Доколку ги сметаме луѓето со над 15 години, писменоста во Тукменистан изнесува 99,7 отсто.

6. Туркменистан е светски славен по теписите, па така имаат и музеј на теписи во кој што се изложени над илјада разни теписи стари и повеќе од 200 години.

7. Поради веќе споменатата пустина земјата е слабо населена, па така густината на населението е 10 луѓе на квадратен километар.

8. Во земјата интернет користат само 20 отсто од населението.

9. Претседател на земјата од 1990 до смртта во 2006 година бил Сапамурат Нијазов кој што бил еден од најексцентричните светски диктатори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 „Пред VS. Потоа“ фотографии кои ќе ве мотивираат да направите генералка во домот

Велигденски зајчиња: Неодолив рецепт за сите генерации