во ,

9 Колекционери на необични нешта кои постојат во светот

Светот е полн со интересни, но и необични луѓе. Посебно, вниманието ми го свртуваат колекционерите ширум светот, затоа што најчесто имаат и интересна приказна зад својата колекционерска страст.

Кога ќе сретнеме некоја таква личност, прво ја прашуваме зошто го прави тоа. Со која цел? Но, верувале или не, ако не сме колекционери, никогаш нема целосно да ја разбереме нивната потреба и радост.

Пред некоја недела дознав дека таткото на еден пријател од Германија има своја колекција од Coca-Cola лименки, кои ги собира од своите 15 години. Специјални едиции од секаде низ светот.

Знам дека многумина собираат грамофонски плочи, стрипови, видео-касети, стари книги, џамлии и ред други работи. Тоа воопшто не изгледа необично, но листата во продолжение зборува малку поразлични колекции.

Еве, ќе започнеме со Шери Грум и нејзината неверојатно колекција кукли, која брои дури 3.500 „тролови“.

Се зборува дека колекцијата на Бетина Дорфман од барби-куклите чини 150.000 американски долари. Таа е сопственик на 6.000 барбики.

Во Германија постои човек по име Карстен Тјус кој има колекција од повеќе од 1.500 различни мобилни телефони. Веројатно од година во година колекцијата, на негово задоволство, му се зголемува. Најстариот телефон што го поседува е TEKADE BSA 31.

Сите ја знаеме аниме серијата Покемон – е па во Велика Британија живее Лиза Кортни, која во својата приватна колекција има 16.000 предмети од серијата.

А, постојат и луѓе опседнати со далматинци. Ќе ја земеме за пример Карен Фериер, чија колекција брои повеќе од 3.500 артикли.

Има и луѓе како Баки Март, со над 7.000 уникатни налепници за банани.

Италијанскиот магионичар Тони Де Сантис е сопственик на најголемата колекција на џокери од карти за играње. Тој има 8.520 различни видови џокери.

Вик Клинко е опседнат со лут сос, па решил да си направил своја колекција, која во моментот брои над 6.000 различни шишенца.

Списокот ќе го завршиме со рекордерот Григори Флејхер од Русија и неговата колекција четки за заби, која е најголема во светот.

Што мислиш?

11 поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 Фотографии покажуваат како се работи од дома, но со деца?

Мајката ја пуштиле неколку часа порано од работа поради пандемијата…