во , ,

8 Секојдневни работи чија намена ќе ја откриете дури сега

Понекогаш употребуваме некој предмет со години пред да откриеме уште некоја негова намена. На пример, маргините на книгите биле додадени со цел да се заштитат ракописите од пожар или други незгоди бидејќи во минатото печатењето било навистина скап процес.

Погледнете ги 8-те предмети што сигурно ги употребувате секојдневно, но за кои не сте знаеле дека имаат и друга примена:

Квадратот со дупчиња на ранците

На почетокот, овие квадратчиња ги имало само на ранците за туристи и се користеле за закачување на јажиња. На ова место од ранецот можете да закачете чадор, шише вода, па дури и вашите патики.

Реклама

Малото дупче до камерата на iPhone

Малото дупче на овие смартфони што се наоѓа помеѓу блицот и камерата е всушност уште еден микрофон. Овој микрофон ја блокира надворешната врева и го прави звукот од разговорот појасен.

Доколку сте виделе чепкалка како на фотографијата, сигурно сте си помислиле дека горниот дел е само дизајн. Но, ова се јапонски чепкалки чиј горен дел може да се скрши и да се употреби како држач.

Дупките во вашите патики

Првите обувки од овој вид биле наменети за кошаркари. На обувките бил додадени дупчиња од страната за спортистите да можат посилно да ги стегнат врвките. И денес некои обувки го имаат овој дизајн, но сега дупчињата се еден вид вентилација.

Иглата на преса за лук

Оваа алатка можете да ја користите и за отстранување семки од цреши. Иглата ја отстранува семката на „уреден“ начин

Внатрешниот „џеб“ кај женската долна облека

Кога се шие женската долна облека, страничниот и задниот дел се прикачени на главниот шев. Бидејќи е речиси невозможно да се направи уште еден внатрешен шев, предниот дел останува и изгледа како џеб.

Фиоката под вашата рерна

Најчесто луѓето го користат овој дел од рерната за чување тави, капаци и слично. Но оваа фиока е место каде што можете да ја чувате храната што не сакате да се излади.

Дупката во лажицата за шпагети

Оваа дупка е направена со цел да ви помогне да измерите колку шпагети треба да сварите. Во дупката собира доволно шпагети за една личност.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

24 Симпатични маки на девојките прикажани низ забавни илустрации

12 Бонтон правила со кои вашата баба би ја направила горда