во ,

9 Споредби на амбалажата на продуктите од познатите брендови: Некогаш VS. Денес

Познатите брендови кои се присутни во скоро сите држави со децении користат исти амбалажи кои им се проверени.

Сепак, и нивните амбалажи претрпеле многу промени низ годините, додека да го најдат совршениот дизајн.

Како изгледале амбалажите на познатите продукти?

Maggie

Основачот на светки познатиот бренд е Јулиус Маги и иако денес имаат бројни производи, на почетокот правеле само супи.

Реклама

Во 19-тиот век, Јулиус сакал да направи хранлив и евтин продукт кој е лесен за подготовка. По неколку години истражување, тој ја направил можеби првата инстант супа во светот.

Набрзо потоа тој ги направил првите коцки за супа кои се користат и денес.

Doritos

Doritos е познат американски бренд кој прави таканаречен тортилја чипс.

Идејата за овој чипс потекнува од традиционалното мексиканско јадење познато како тотопо – крцкава тортилја која е испржена или испечена.

Денес овој чипс е препознатлив по многуте зачини, но првите Doritos чипсови не биле воопшто зачинети.

Nescafe

Најпознатото инстант кафе во светот почнало да се произведува во 1938 година.

Наводно, експерт за кафе од компанијата Nestle почнал да работи на нов вид кафе кое не треба да се вари и може да се подготви само со вода.

Добиениот продукт го крстил Nescafe – спој на името на компанијата (Nestle) и англискиот збор за кафе (coffee).

На почетокот кафето се продавало само во конзерва, а во 60-тите почнало да се продава и во стаклени тегли.

Монопол

Друштвената игра Монопол е патентирана во 1904 година, а жената што ја измислила, Лизи Меги, сакала да направи игра во која ќе го опфати макотрпниот процес на купување земјиште.

Интересно е што човечето со висок шешир и мустаќи станал маскота на играта дури во 1940-тите.

KitKat

Компанијата Rowntree го направила првото KitKat чоколадо во 1911 година, но тогаш не доживеало некој голем успех.

Во 1935 година, тие го подобриле истиот продукт, го крстиле Chocolate Crisp и почнале да го рекламираат како практичен десерт што купувачите можат да го носат каде и да сакаат.

Две години подоцна, на истиот продукт му го дале името KitKat и почнале да го извезуваат во други земји.

Од 1988 година, KitKat е бренд на Nestle.

Nutella

Пиетро Фереро имал пекара во Италија во која го направил прототипот за денешниот популарен чоколаден крем со лешници.

Првиот производ бил направен во 1946 година, се викал Рasta gianduja и бил во цврста форма. Пиетро создал кремаста верзија со истиот вкус во 1951 година, а продуктот го нарекол Supercrema gianduja.

Во 1963 година неговиот син Мишел Фереро направил мали промени во составот, го прекрстил кремот во Nutella и почнал да го продава низ Европа.

Кремот веднаш станал хит и до денес останува еден од најпопуларните во светот.

Nivea

Денес Nivea има цела линија продукти за нега, но првиот производ бил обичен крем направен од фармацевтот Оскар Тропловиц.

Оскар сакал да направи едноставен крем со вода и масло и во 1911 година го добил посакуваниот резултат. Тој го крстил продуктот Nivea.

Pepsi

Првиот Pepsi пијалак се појавил во далечната 1893 година, и бил познат како Brad’s Drink.

Неколку години подоцна, во пијалакот биле додадени нови состојки и името му било променето во Pepsi.

Препознатливите бела, црвена и сина боја се дел од логото од 1950-тите.

M&M’s

Популарните чоколадни бонбони првпат почнале да се продаваат во 1941 година.

Овој продукт е изум на Форест Марс кој сакал да направи издржливи чоколадни бонбони кои нема да се стопат на потопло време.

На почетокот, бонбоните биле еднобојни. Но, бидејќи многу фирми пробувале да ги копираат, од компанијата почнале да го додаваат логото на нив.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Се пријавиле Французин, Англичанец и нашиот пијаница Стојан…

13 Фотографии докажуваат дека никогаш нема да се чувствувате здодевно со домашно милениче