во , ,

9 Луѓе со повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн

Просечниот коефициент на интелигенција е 100, а оние кои имаат над 140 се сметаат за генијалци. Најверојатно Ајнштајн никогаш не направил тест за интелигенција, но се претпоставува дека неговиот коефициент бил 160.

Супер Попуст -25%

Сепак, ниту тој не може да се натпреварува со генијалците во продолжение:

Тара Шарифи: 162

11-годишната Тара била изненадена кога ги добила резултатите од нејзиниот тест за интелигенција. Уште кога имала само 3 години, Тара научила да игра шах, а изјавила дека би сакала да работи нешто од областа на математиката.

Џејкоб Барнет: 170

На 2-годишна возраст Џејкоб бил дијагностициран со аутизам, а лекарите биле убедени дека нема да научи ни да си ги врзува патиките. Но, ова чудо од дете завршило 6 одделенија за помалку од една година, а се запишал на факултет на 10 години.

На 13 години веќе бил физичар со свои објавени трудови. Денес тој работи на својот докторот.

Џудит Полгар: 170

Шахистката од Унгарија се смета за најдобриот шаховски играч на сите времиња. Во 1991-ва година, на 15-годишна возраст, таа била најмладиот играч кој станал интернационален велемајстор.

Рик Роснер: 192 до 198

Рик има направено над 30 тестови за интелигенција и во зависност од нивната скала на оценување, неговиот коефициент е помеѓу 192 и 198. Денес тој е телевизиски сценарист, но претходно работел како стриптизер, па дури и гол модел.

Познат е по тужбата што ја покренал против телевизија ABC поради погрешно прашање на квизот „Кој сака да биде милионер“, но го изгубил случајот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 Фото-докази дека суперхероите постојат и во реалноста

Симпатичен детски “BEAN BOOZLED CHALLENGE” со Марко и Лара