во ,

Полска уметница ги претвора обичните метро-станици во прекрасни музеи од цвеќиња

Сите знаеме колку обични и здодевни се улиците низ големите градови – единствено семафорите и рекламите му даваат некаков вид боја на досадното сивило. Имате среќа ако во градот има некое паркче.

Поттикната од потребата да ја врати природата во градот, полска уметница решила да почне шарен проект што ќе му даде живописност на инаку обичната заднина на градот.

Реклама

Зад проектот стои уметничката Доминика Кебула од Лоѓ, Полска. Наместо метро-станиците да се полни со хартиени брошури и реклами, оваа уметница одлучила да ја декорира локалната метро-станица со разновидни исушени цвеќиња. Од рози до папрати, Кебула зела стотици исушени растенија и ги поставила во стакло на метро-станицата на плоштадот Дабровскјего во Лоѓ.

Разнобојниот проект е наречен „Носталгија“ и влече инспирација од локален пазар за цвеќиња на истиот плоштад. Цветовите што се користеле за проектот се зачувани во епоксидна смола за да се обезбеди нивна долговечност, така што луѓето можат да уживаат во нив подолго време.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Стереотипи што конечно почнуваат да исчезнуваат од модерниот свет

Холивудскиот миленик Кијану Ривс за првпат со новата девојка на свеченост