Иако и Холивуд е на удар од пандемијата со коронавирусот, сепак голем број актери продолжија солидно да заработуваат, а како главен финансиер се истакна Netflix.
Популарната платформа на шест од десетте најплатени актери им искеширала неверојатни 140,5 милиони долари.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Втора година по ред, на врвот на листата на актери со најголема заработка застана Двејн Џонсон. Еве ја комплетната листа на Forbes:
1. Двејн Џонсон
87,5 милиони долари
Најголеми извори на приходи: 23,5 милиони за претстојниот филм „Red Notice“ на Netflix и неговата спортска линија Project Rock.

2. Рајан Рејнолдс
71,5 милиони долари
Најголеми извори на приходи: По над 20 милиони долари за филмовите „6 Underground“ и „Red Notice“.

3. Марк Волберг
58 милиони долари
Најголеми извори на приходи: Платата од „Spenser Confidential“ и заработка како продуцент на „McMillions“ и „Wahl Street“.

4. Бен Афлек
55 милиони долари
Најголеми извори на приходи: Филмовите „The Way Back“ и „The Last Thing He Wanted“.

5. Вин Дизел
54 милиони долари
Најголеми извори на приходи: „Fast & Furious Spy Races“ (во улога на продуцент).

6. Акшај Кумар
48,5 милиони долари
Најголеми извори на приходи: Серијата „The End“ и договори за рекламирање на производи.

7. Лин-Мануел Миранда
45,5 милиони долари
Најголем извор на приходи: Купувањето на правата за неговиот мјузикл „Hamilton“ од страна на Дизни.

8. Вил Смит
44,5 милиони долари
Најголем извор на приходи: Претстојниот филм „King Richard“.

9. Адам Сендлер
41 милион долари
Најголем извор на приходи: Договор со Netflix за снимање на 4 филма.

10. Џеки Чен
40 милиони долари
Најголем извор на приходи: Снимањето на 5 филма во изминатата година.

Листата е составена врз база на приходите од јуни 2019 до јуни 2020 година.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден








