Според Сигмунд Фројд овие три работи никогаш и никому не треба да му ги кажете.
Сигмунд Фројд верувал дека постојат три работи кои не треба да ги кажете за себе, за да не привлечете хаотична енергија.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Тој сметал дека личноста не треба за себе да кажува ништо лошо, ниту на добар начин:
„Не се зборовите оние кои кажуваат за него, туку неговите постапки“.

Откриваме – три работи кои според Фројд никогаш не треба да ги кажувате за себе:
1. Бидете внимателни кога зборувате за своите достигнувања и успеси. Доколку постојано зборувате за тие работи, тогаш кругот на пријатели може да се намали.
„Луѓето секогаш ги споредуваат вашите успеси со сопствените, а доколку вашите успеси се подобри од нивните, луѓето почнуваат да се чувствуваат лошо. Доколку сакате околу себе да создадете непријатели и завидни луѓе, тогаш само почнете да зборувате за вашите победи“.
2. Спротивно од тоа се случува кога луѓето зборуваат за своите неволји и порази. На тој начин лесно може да бидете жртва на „енергетски вампир“, односно луѓе кои се хранат со туѓата негативна енергија. Кога се критикувате себеси, тие се хранат, а вашата енергија е загрозена.

3. „Доколку сакате да ги упропастите сопствените планови – кажете им ги на сите“, велел Фројд.
Дали некогаш сте забележале дека доколку некому му ги кажете вашите планови, веднаш работите тргнуваат наопаку? Фројд верувал дека проблемот не е во влијанието на другите луѓе, туку во вас самите.
„Штом зборувате за вашите планови мозокот губи мотивација, страст и желба за инвестирање“.


