во ,

Неверојатна сцена: Погледнете како овие „другари од дворот“ се чуваат едни од други од предатори

Неверојатно видео се шири со брзина на светлината на социјалните мрежи.

Несекојдневната сцена ја забележала надзорната камера на една фарма, а станува збор за ситуација во која јастреб се обидува да улови една кокошка која мирно шетала во оградениот двор.

Меѓутоа, на фатената птица напомош ѝ „скокнуваат“ еден петел кој се фатил во костец со грабливецот, а по него и една коза, а тоа за јастребот веќе било премногу.

„Другари од двор“, „Животните никогаш нема да ја изгубат емпатијата за другите за разлика од човекот… Браво за петелот и козата“, „Помогни му на пријателот во неволја! Да погледнете и да се потсетиме. Нешто сме заборавиле“, „Многу ме воодушеви ова сочувство и солидарност. Ние треба да учиме од животните, а не обратно“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Засега не е познато каде настанало видеото.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Седел некој пират во крчма и пиел рум. Крчмарот го прашал…

Славниот НБА играч кој тврдеше дека Земјата е рамна плоча, сега одбива да се вакцинира: „Сè е тоа дел од Ѓаволскиот план“