во , ,

Ова е најодалечениот хотел во светот: До него се пристигнува само со хеликоптер

Хотел Шелдон Шале се наоѓа на надморска височина од 1.829 метри, а оттаму нуди прекрасен поглед на „крајот на светот“ и поларната светлина.

Шелдон Шале се наоѓа на гребенот на амфитеатарот Дон Шелден на глечерот Рут. Се наоѓа на 1.829 метри надморска височина и нуди некои од најимпресивните погледи на Алјаска.

Супер Попуст -25%

До овој хотел може да се стигне само по воздушен пат, со приватен хеликоптер.

Минималниот престој од три ноќевања, кој чини 35.000 долари, вклучува превоз со хеликоптер, приватен консиерж, гурмански ресторани и активности како што се санкање, планинарење и сауна на покривот.

Оваа вила има пет спални соби и може да прими максимум 10 гости истовремено.

Шелдон Шале е именуван по архитектите Дон и Роберт Шелдон, кои ја дизајнирале оригиналната кабина во 1966 година, која беше реновирана во 2018 година и претворена во луксузен хотел од нивните деца Роберт и Кејт.

„Едноставните работи како проточна вода се всушност прилично луксузни кога сте на глечер на надморска височина од 1.800 метри“, вели Марне Шелдон, сопругата на Роберт.

Роберт призна дека е неописливо чувство да се заврши нешто што нивните родители го измислиле во 1960-тите.

„Мајка ми и татко ми беа луѓе вредни за паметење, но нивната желба за оваа локација немаше никаква врска со нивното наследство. Тие само сакаа другите луѓе да го искусат ова место кое е прекрасно над сè друго на планетата“, рече Роберт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Соиграч урнебесно го имитираше Никола Јокиќ, еве како реагираше кошаркарот

Полицијата го фатила за брзо возење, останале во неверување кога слушнале што им кажува