во ,

Паб во кој гостите плаќаат по 2 евра секојпат кога ќе го изговорат зборот „коронавирус“

Еден паб во Ирска одлучил да им наплаќа на своите гости секогаш кога ќе го изговорат зборот коронавирус и пандемијата во која се наоѓаме.

Имено, на шанкот поставиле пластична чаша во која гостите при секое споменување на зборот Ковид, ќе мора во истата да стават две евра.

Супер Попуст -25%

Кристофер Мур, менаџер на локалот изјавил дека досега на тој начин биле собрани 280 евра, како и дека сите приходи ќе бидат донирани во локалната болница Донегл.

„Додека ги послужуваме гостите и стоиме покрај нивната маса, ги слушаме нивните разговори и знаеме за што разговараат.

За што и да почнеме да разговараме, темата секогаш е вирусот. Сакавме да ја смениме атмосферата и да ги поттикнеме луѓето да зборуваат за вообичаени работи“, изјавил Мур.

Во барот била започната и „GoFundMe“ кампања.

„Сè започна како забава, а се претвори во одличен начин за собирање средства за болни лица. Собираме пари за да ѝ помогнеме на локалната болница и секоја донација ќе помогне“, напишале вработените во барот „Alt“.

Мур раскажал дека гостите сега се обидуваат да ги „излажат“ пријателите, така што сето тоа станало како еден вид игра и забава.

„Сите сега зборуваат за други работи, иако пандемијата им е во мислите. Забележавме дека луѓето повторно зборуваат за времето. Не е лошо да одвоите еден час или два од своето време и да не зборувате само за пандемијата“, додал тој.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Морам да најдам трофазна жена!

Жена се качила врз автомобилот кој ѝ тонел во река за да направи селфи