Возач на СУВ во Јужна Африка на потешкиот начин научил што се случува ако му засметаш или вознемириш слон.
Инцидентот е забележан во iSimangaliso Wetland Park во јужноафриканската провинција Квазулу-Натал пред неколку дена додека џип минувал низ паркот.
Снимката која е објавена на социјалните мрежи и на Јутјуб, го прикажува моментот кога слонот го турка и го превртува СУВ-от, кој завршил на покривот.
Сето тоа го снимил друг возач кој се обидувал да му привлече внимание на слонот со сирена.
Патниците на СУВ-от се полесно повредени, а вработените од паркот покренале истрага со цел да дознаат која е причината за нападот на слонот.
Бројните резервати и паркови во Јужна Африка им дозволуваат на туристите да им приоѓаат на слоновите со своите автомобили, кои инаку се мирни, но во овој случај очигледно се случило нешто што го вознемирило и налутило слонот.
Силното животно си „поиграло“ со автомобилот како играчка и лесно го превртело.
- 
La Linea v1699 ден
 559.20 ден
- 
Петок699 ден
 559.20 ден
- 
La Linea v3699 ден
 559.20 ден
- 
Спаси ја водата, пиј пиво699 ден
 559.20 ден
- 
Јас сум толку стар699 ден
 559.20 ден
- 
Џаст До Ит!699 ден
 559.20 ден
 
 
 








