
Авион на Croatia Airlines од типот Ербас A319, кој летал на релација Загреб-Стокхолм, е испратен на превентивен технички преглед поради необичен инцидент со пас. Според информациите од порталот Avioradar, куче кое било сместено во багажниот простор на авионот го оштетило дел од истиот.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Инцидентот се случил на 30 септември годинава, кога кучето, кое патувало според сите прописи во посебен кафез, се ослободило и предизвикало материјална штета. Поради тоа, патниците биле префрлени во друг авион, додека авионот бил повлечен од сообраќај за дополнителна проверка. Леталото сѐ уште се наоѓа на технички преглед.


