
Познатиот актер Сашко Коцев ќе го преземе водителското место на најстариот македонски детски музички фестивал „Златно славејче“, кој ќе се одржува на 16 и 23 ноември во Македонскиот народен театар. Во овие два термина ќе се одржат по три претстави, во 10, 14 и 17 часот.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Ова е првпат Коцев да го води овој познат фестивал, кој годинава се одржува по 54. пат. По затворањето на Универзалната сала, „Златно славејче“ се пресели во други простори, како салата „Борис Трајковски“ и Филхармонијата. Претходно, водител на фестивалот беше Влатко Илиевски, а минатата година улогата ја имаше актерот Мартин Јорданоски.


