Мартин Филиповски од популарниот македонски бенд „Некст Тајм“ и неговата сопруга, ракометарката Андреа, станаа родители за првпат. Денес, нивната ќерка Лиана ја виде светлината на денот, носејќи со себе голема радост.
Среќниот татко веднаш ја сподели среќната вест на Инстаграм, со емотивна порака: „Светот во раце. Добредојде Лиана“.
View this post on Instagram
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Мартин и Андреа ја објавија веста дека ќе станат родители во мај оваа година, но за време на бременоста ретко објавуваа фотографии, задржувајќи ја приватноста на нивното семејство.

Парот е заедно од 2015 година, а во 2022 година, Мартин ја запроси Андреа во интимна атмосфера. Нивната црковна венчавка се одржа во родниот град на Андреа, Кичево.

Честитки до семејството за оваа прекрасна принова!


