
Познатата водителка Лила Филиповска повторно изненади со своето авантуристичко расположение, овој пат избирајќи егзотична дестинација – Виетнам. Заедно со неколку пријатели, таа моментално ужива во убавините и културата на оваа земја, откривајќи како изгледа нејзиниот заслужен одмор.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден

Лила ги насмеа следбениците на Instagram со фотографии на кои позира со мотика, шеговито коментирајќи: „Нивата во Винче ја прекопав, па дојдов и во Виетнам да помогнам“. Смеата и позитивните реакции не изостанаа, а водителката покажа дека ни дождот не може да го расипе нејзиното уживање.

Фотографиите од луксузниот хотел, локалната кујна и природните пејзажи дополнително ја покажуваат убавината на оваа уникатна дестинација, а Лила уште еднаш покажа дека знае како да ужива во животот и да го сподели тоа со своите следбеници.



