
Легендарниот српски актер Драгомир Бојаниќ Гидра, познат по улогата на харизматичниот и весел дедо Жика Павловиќ од култната серија „Жикина династија,“ е сè уште омилен лик кој ја забавува публиката. Жика остана запаметен како еден од најомилените ликови, со својата непосредност и народски шарм. Сепак, постојат многу интересни приказни за личниот живот на Гидра, кои денеска ги раскажува неговиот внук Јован Стојановиќ.
View this post on Instagram
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Иако за Гидра со години кружеле гласини дека бил неверен кон својата сопруга Љиљана, неговиот внук ги негира овие тврдења. „Не е точно дека дедо ми беше швалер,“ изјави Јован, додавајќи дека неговиот дедо ја сакал својата сопруга длабоко и дека нивните чести караници биле само дел од нивната силна љубов. „Тој никогаш не заминуваше поради други жени,“ вели Јован.
Внукот на Гидра – нова манекенска ѕвезда
View this post on Instagram
Јован, кој е внук на Гидра по неговиот роден брат, денес успешно се занимава со манекенство. Неговата атрактивна појава не остава никого рамнодушен, а досега има работено за многу познати брендови и се појавува во музички спотови. Среќно е оженет со Марија, која е професионална шминкерка, и заедно имаат син по име Алексеј.


