
Истражувачот Мет Џордан, кој работи во лабораторија на Антарктикот, стана интернет сензација со своите видеа кои ја откриваат магијата на овој леден континент. Неговото најново видео, во кое покажува како изгледа полноќ на Антарктикот, предизвика неверување и восхит кај неговите следбеници.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
На видеото, кое собра над 6,7 милиони прегледи, Џордан излегува во „полноќна светлина“, прикажувајќи ги исклучителните услови за време на поларниот ден – период кога Сонцето останува на хоризонтот 24 часа. Овој феномен се случува само северно од Арктичкиот круг и на Антарктикот, а на половите поларната светлина може да трае и до шест месеци.
Џордан во видеото го покажува часовникот кој покажува шест минути по полноќ, а потоа излегува во осветлениот предел кој изгледа како да е пладне. Овој необичен призор ги заинтригира гледачите, кои со зачуденост коментираат како успеваат истражувачите да спијат во текот на овие непрекинати сончеви периоди.
Еден корисник со шеговит тон забележа: „Барем вие имате сонце, а ние во Британија имаме само неколку часа сиво небо пред да падне мрак.“ Видео содржините на Џордан привлекуваат бројни љубопитни кои сакаат да дознаат повеќе за животот во овие екстремни услови, каде полноќ може да изгледа како најсветлиот ден.
@mattykjordan This is what Antarctica looks like at midnight during 24 hour sun #antarctica #24hoursun #midnightsun
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден







