
Супермоделот Синди Крафорд (58) повторно покажа зошто важи за една од најубавите жени во светот, објавувајќи фотографија од креветот во бела ноќница со тантела, без шминка и градник. Со природниот изглед, таа гордо ги прифати своите години, инспирирајќи ги обожавателите со својата автентична убавина.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Под објавата на Инстаграм, следбениците не штедеа на пофалби, коментирајќи дека Крафорд изгледа прекрасно и природно. „Сè уште изгледаш убаво, Синди“, „Најубавата жена на светот“, „Каква божица си“, и „Конечно некој чие лице не е целосно затегнато“ се само дел од коментарите кои ја слават нејзината природна убавина и достоинственото стареење.
Со овој потег, Крафорд уште еднаш докажа дека вистинската убавина доаѓа од самодовербата и прифаќањето на природниот изглед.
View this post on Instagram


