
Полициски службеници од СВР Струмица, во координација со Агенцијата за национална безбедност, уапсија три лица.
Тие постапувале по наредба на јавен обвинител. На 30 јуни, во 18:30 часот, на улицата „Климент Охридски“ во Струмица, од слобода се лишени Е.Б. (32) од Попчево, како и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, биле пронајдени шест торби. Возилото го управувал осомничениот Е.Б. Во торбите имало 100 пакувања со марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.
За целиот настан бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица. По целосно документирање на случајот, во текот на денот против нив ќе биде поднесена кривична пријава. Уапсените ќе бидат изведени пред судија од Основниот суд во Струмица.


