во ,

Мицкоски со закана до маркетите: „Ги знаеме вашите трикови“ – Храната поскапела за 6,3% за еден месец

Инфлацијата во Македонија никако да се смири.

Во првото полугодие од годинава, таа изнесува 3,8 отсто. Ако се спореди јуни годинава, со истиот месец лани, порастот на трошоците на живот е 4,5 насто. Ова го покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Загрижувачки раст на цените на храната

Освен порастот на вкупната инфлација, посебно загрижувачки е растот на цените на храната. За само еден месец, ако се спореди јуни со мај оваа година, храната поскапела за 6,3 насто. Земјоделските производи, пак, мерени според цените на мало, се повисоки за дури 11,1 насто.

Супер Летен Попуст

Мицкоски: „Откупувачите и маркетите ги дигаат цените“

Според премиерот Христијан Мицкоски, високите цени се резултат на зголемена базична инфлација. Тој појасни дека други фактори кои се околу прехранбените производи, ја дигаат цената. Тој даде и конкретен пример.

„Ако ја забележите информацијата кај земјоделските производи, ќе видите дека во инпутот зголемени се параметрите за 2 проценти, а во аутпутот за 11 проценти,“ рече тој. „Ако земјоделецот го продава производот на некој кој потоа го продава за 11 проценти повисока цена, тогаш ви е јасно.“ Ова значи дека откупувачите и маркетите влијаат на цените.

Најава за мерки и предупредување до маркетите

Според Мицкоски, многу скоро ќе бидат преземени мерки за да се намали порастот на базичната инфлација. Тој не прецизираше какви мерки, но им порача на дел од маркетите дека Владата знае за нивните трикови.

„Апсолутно, ги следиме тие трикови на поедини маркети. Не остануваат незабележени, но не би излегувал сега со било каква констатација како понатаму,“ вели Мицкоски. Според него, на растот влијае и поголемата побарувачка поради повисоките плати и пензии.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повторно се тресе тлото во Македонија: Епицентарот на земјотресот бил во близина на Валандово

Путин денеска го смени својот министер за транспорт, а тој само неколку часа подоцна се самоубил!