
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, откако оствари победа над Алекс де Минор.
Ѓоковиќ на Централниот терен славеше по голем пресврт. Откако го загуби првиот сет, тој успеа да се врати и да победи со конечен резултат 1:6, 6:4, 6:4, 6:4. Мечот од „Кралската ложа“ го следеше и поранешниот голем ривал на Новак, легендарниот Роџер Федерер.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
По средбата, Ѓоковиќ го спомена Швајцарецот во својата изјава на теренот. Негов следен противник во среда ќе му биде Италијанецот Флавио Коболи. Коболи претходно, по четири сета, успеа да го елиминира хрватскиот тенисер Марин Чилиќ.
Ова за Новак Ѓоковиќ ќе биде 16-то четвртфинале на Вимблдон. Истовремено, тоа е и негово вкупно 63-то четвртфинале на престижните Гренд слем турнири, со што тој продолжува да соборува рекорди.


