Хрватските хотели под притисок: растат трошоците, цените и незадоволството на туристите
Хрватските хотелиери се соочуваат со најголеми предизвици во регионот – трошоците растат побрзо од приходите, а туристите бараат алтернативи.
Според најновата анализа на Хрватското туристичко здружение (HUT), цените на хотелскиот смештај во Хрватска во првата половина од 2025 година пораснале за 4,6 проценти во споредба со минатата година. Но, клучните трошоци – работната сила и храната – растат со уште побрзо темпо, двојно повеќе отколку кај медитеранската конкуренција во ЕУ.
Трошоците за работна сила во хрватскиот хотелски сектор бележат континуиран двоцифрен раст веќе четири години, достигнувајќи 11,7 проценти оваа година, наспроти европскиот просек од 4,2 проценти. Ист тренд се забележува и кај храната – 5 проценти во Хрватска, наспроти 2,6 проценти во останатиот Медитеран. Оваа диспропорција директно ја намалува профитабилноста и инвестицискиот потенцијал на секторот.
Иако цените на хотелските соби растат, тие не можат да го следат темпото на трошоците. Тоа ја ослабува позицијата на хрватските хотелиери на конкурентниот туристички пазар, особено во споредба со земји како Шпанија, Грција и Италија, каде што структурите на сместување се поразвиени. Хрватска останува со најслаба хотелска понуда на Медитеранот – само 9,5 проценти од вкупниот капацитет.
Иако хотелите со четири и пет ѕвездички бележат рекордна пополнетост од над 90 проценти, останатиот сектор се соочува со пад на побарувачката и со се поголем одлив на туристи кон други дестинации. „Секторот мора да добие нов инвестициски замав, инаку конкурентноста на целиот домашен туризам ќе продолжи да слабее“, предупредува директорот на HUT, Вељко Остојиќ.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден -
Книгосаурус
699 ден
559.20 ден