во ,

Стјуардеса открива тајна: ова е „седиштето на очајот“ кое никогаш не треба да го земате

Сите сакаат да патуваат удобно, но тоа понекогаш изгледа невозможно, особено кога колената ви се допираат со седиштето пред вас.

Стјуардесата Барбара Басилијери, која на платформата YouTube ја следат три милиони луѓе, редовно споделува совети за патниците, а неодамна откри кое е седиштето што е најдобро да се резервира – и кое треба да се избегнува по секоја цена.

За сите храбри борци

Убавата стјуардеса објасни како да се избере седиште во авионите на нискобуџетните превозници. „Доколку не доплатите на компанија како Ryanair, ќе ви доделат било кое седиште. Често помеѓу две лица, во последниот ред, или уште полошо, без прозорец“, вели таа.

„Седиштето на очајот“ и „тортурата“ во последниот ред

Барбара ги откри и најлошите седишта кои треба да ги избегнувате по секоја цена. „Тоа е последниот ред, без сомнение. Луѓето постојано поминуваат кон тоалетот, ја слушате бучавата од мини-кујната, можете да ги почувствувате непријатните мириси, а наслоните честопати не се соборуваат. Тоа е вистинска тортура“, објасни таа.

Таа додава дека седиштето до патеката не е идеално за одмор, односно спиење. „Иако изгледаат практично поради лесното станување, другите патници постојано удираат во вас, а стјуардесите поминуваат со количките за храна“, рече таа. Сепак, најлошо од сè е средното седиште, кое таа го нарекува „седиште на очајот“, бидејќи немате личен простор и „буквално сте заробени“.

Кои се најдобрите седишта?

За високите патници, Барбара ги препорачува седиштата во првиот ред или до излезот за итни случаи, бидејќи обезбедуваат најмногу простор за нозете. „Сепак, постојат и два недостатоци. Нема место под седиштето за работи и потпирачите за раце се фиксни. Исто така, во случај на евакуација, вие сте одговорни за отворање на излезот и помагање на патниците“, нагласи таа.

Нејзиниот личен фаворит е седиштето до прозорецот. „Таму можете да се потпрете на ѕидот, да ја контролирате светлината со завесата и никој не ве вознемирува кога станува. Тоа е кралот на личниот простор“, заклучи таа.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дневен хороскоп: Лавот е на ивици на нервите, Рибите (според насловот) тонат во обврски

Хорор во Бруклин: стаорци од метрото ѝ влегувале директно во детската соба