Една мајка од Бруклин, која со години се борела со глувци и стаорци, останала во тотален шок кога мајсторите го поместиле ормарот во детската соба и ја откриле језивата причина за проблемот.
36-годишната Сијара, која живее во станот од 2018 година, објави видео кое стана вирално и предизвика згрозување кај корисниците на социјалните мрежи. Таа објаснила дека постојано се борела со глодари, но дури неодамна сфатила зошто.
Кога мајстори дошле да извршат поправки, тие го поместиле ормарот во собата на нејзиното дете. Зад него, тие откриле дупка во ѕидот – која водела директно до најблиската метро станица.
„Не можев да верувам дека железничката станица е поврзана со детската соба во нашиот стан“, изјавила шокираната мајка, сфаќајќи дека нејзиниот стан всушност имал „автопат“ за стаорци.
Повеќе од само дупка – кошмарот на Њујорк
Иако снимката го шокираше светот, за жителите на Њујорк, ова е само уште еден ден во борбата со глодарите. Според проценките, во градот живеат околу три милиони стаорци, а нивниот број е во постојан пораст. Стаорците не се само непријатност, туку се и сериозна здравствена закана, бидејќи пренесуваат болести.
Приказната на Сијара е совршен пример за тоа. Многумина во коментарите се пожалиле на сличен проблем. „Постојано купувам малтер за да ги крпам дупките, но тие секогаш повторно ги прогризуваат“, напишал еден корисник, опишувајќи ја фрустрирачката и речиси невозможна битка со инвазијата на стаорци во американската метропола.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден