во ,

Како кактусот може да живее две години без вода? тајната не е во коренот

Кактусите се сукулентни растенија кои складираат вода во своите стебла, корени или листови, што им овозможува да преживеат долги периоди на суша.

Иако повеќето видови растат во сушните предели на Америка, некои се прошириле и во Африка, Индија, Европа и Австралија.

За сите храбри борци

Овие растенија се вистински мајстори за преживување, а нивната тајна лежи во генијалната адаптација. Тие немаат лисја (кои се главниот извор на губење вода кај другите растенија), а нивното дебело стебло со посебен слој на ткиво ја задржува водата како резервоар. Боцките, пак, не се само за украс – тие ги штитат од животните кои би сакале да дојдат до таа скапоцена вода. На тој начин, некои од најголемите видови кактуси можат да живеат и по две години без ниту една капка вода.

Повеќе од само боцки

Некои џиновски кактуси можат да достигнат висина и до 22 метри. Нивниот сок од стеблото се користи за лекови и пијалаци, додека плодовите кај некои видови се користат за правење слатки.

Како се одгледуваат во домашни услови?

Иако во природата се навикнати на суша, кога се одгледуваат во саксија, правилата се менуваат. Во текот на летниот период, кактусите треба да се наводнуваат на секои четири дена, додека во зима доволно е само еднаш на две недели. Најважно од сè е да имаат одлична дренажа, за водата никогаш да не се задржува во коренот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

САД се во паника: Како Кина ја доби контролата врз ‘белото злато’ на 21-от век

Грашок со мелено месо на турски начин, рецепт што сите го обожаваат