во ,

Има 27 години, 3 стана и сака пензија на 40: ова се нејзините 5 златни правила

Во време кога трошоците за живот постојано растат, многумина чувствуваат дека тешко заработените пари брзо им се трошат на сметки, храна и социјални активности.

Сепак, една финансиски освестена жена ја сподели својата стратегија која ѝ овозможила да создаде значителна заштеда. Чарли Луиз, 27-годишна девојка која планира да се пензионира до 40-тата година, откри дека досега успеала да заштеди 88.550 евра и да поседува три недвижности, иако нејзината годишна плата изнесува 48.300 евра. Таа си поставила дневен цел за штедење од 31 евро, што годишно изнесува околу 11.500 евра.

За сите храбри борци

„Кога ќе достигнам нови 1.000 евра, размислувам како следните 1.000 да ги заработам побрзо“, објасни таа во неодамнешното видео на TikTok.

Клучот на успехот – недвижности и дополнителни приходи

Чарли го заменила својот трособен дом во посакувана населба за поевтина недвижност која е во фаза на реновирање. Моментално поседува три недвижности купени пред 25-тата година, чија кирија ја користи како дополнителен приход.

„Многумина ми велат: ‘Имаш плата од 48.300 евра и тоа ти е куќата што ја имаш’. Јас гледам вака: би можела да имам една голема куќа наместо три мали, но таа една голема куќа не би ми носела пари бидејќи би живеела во неа“, објасни таа.

Финансиската дисциплина на Чарли ја надминува обичната заштеда; таа строго избегнува трошење на луксузни работи само заради имиџ. Нејзината стратегија вклучува и разгранети извори на приход. Само во еден месец, во септември, таа заработила 2.989 евра од редовната работа и дополнителни 1.207 евра од киријата на нејзините недвижности. Покрај тоа, собрала уште 11.500 евра од разни споредни работи.

Пет совети за финансиски успех

Чарли на социјалните мрежи ги сподели клучните правила кои ѝ помагаат да ја одржува заштедата и да ги постигнува целите:

  1. Избегнување оброци надвор и достава – Ретко посетува ресторани, главно само за посебни прилики и дружења. Достава нарачува најмногу трипати годишно, а кога јаде надвор, избира поволни опции и бара попусти.
  2. Инвестирање – Активно инвестира во акции и фондови за да ги зголеми парите. Моментално е на 25% од патот до нејзината цел од 115.000 евра.
  3. Искористување на времето по работа – Се фокусира на дополнителни приходи преку истражување на пазарот и тестирање на производи. – „Моите дваесетти години се за заработување пари за да имам повеќе слобода во триесеттите и да можам да се пензионирам до 40-тата година“, вели Чарли.
  4. Живот под своите можности – За несуштински работи месечно одвојува буџет од 230 евра, никогаш не купува на кредит и строго се држи до буџетот. – „Велам ‘не’ на излегувања со пријателите ако со тоа би го надминала својот месечен буџет“, истакнува таа.
  5. Педантно буџетирање – Секој месец детално го планира буџетот, одвојува пари во фонд за непредвидени ситуации, а заштедата ја користи за предвремена отплата на хипотеката. – „Не ја забивам главата во песок, без оглед на ситуацијата, бидејќи игнорирањето на проблемите само ги влошува работите“, додава таа.

Примерот на Чарли покажува дека со дисциплина, паметно инвестирање и дополнителни извори на приход, дури и релативно млада личност може да создаде значителна заштеда и да планира финансиска независност.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како војната во Украина ја претвори Јужна Кореја во светски арсенал

Рамноземјаш отиде на Антарктик да ја докаже теоријата, па се врати со наведната глава