Скоро од самото раѓање на ќерката Норт Вест, која денес има 12 години, Ким Кардашијан е на удар на критики поради начинот на кој ја воспитува.
Во тоа спаѓаше и стилот на облекување на сега веќе една од најпознатите тинејџерки во светот. Со текот на времето, работите станаа уште полоши.
Норт Вест го претстави својот нов имиџ на TikTok, каде што објави видео пред концертот на ОсамаСон, на кој се упатила со другарките. Таа претстави панк-имиџ, носејќи леќи во сина боја, тетоважи исцртани со кана, син маникир кој беше усогласен со вештачките плетенки, додека во устата имаше украс за заби, познат како „grillz“.
„Срам да ти е, вака ли изгледа 12-годишно девојче?“
Набрзо откако видеото на ќерката на Ким Кардашијан беше објавено на TikTok, згрозената публика почна да го коментира изгледот на интригантната тинејџерка, тврдејќи дека снимката е многу вознемирувачка.
„Зошто на девојчево му е дозволено ова?“, „Вака ти изгледа ќерка од 12 години? Срам да ти е“, „Жал ми е за ова девојче“, „Каде се границите?“, гласат коментарите, додека некои го критикуваат и нејзиниот татко, Канје Вест.
Потсетувања ради, Ким Кардашијан и Канје Вест беа во брак од 2014 до 2022 година и имаат четири деца. Децата живеат со мајката, а контроверзниот рапер неодамна побара старателство, изнесувајќи шокантни тврдења за поранешната сопруга.
Реакцијата на Ким дополнително ги шокираше сите
Ким Кардашијан беше критикувана и за претходни стајлинзи на Норт Вест, а таа во еден подкаст спорната тема ја прокоментира вака: „Јас сум во фазон: ‘Душо, ако сакаш сина коса, нека ти биде’. Тоа ја прави толку среќна. Никогаш не би ѝ ја одзела таа креативност“.
Таа порача дека Норт е самоуверена и дека не ѝ пречат критиките за нејзиниот стил: „Таа ќе рече: ‘Мамо, го видов ова и навистина не ми е гајле ако некој каже дека не му се допаѓа мојата сина коса’. Таа има самодоверба“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден