во ,

„Не знаев дека е нацистичка“: американски демократ се вади за тетоважа

Демократскиот кандидат за Сенатот на САД во државата Мејн се извини и ја отстрани тетоважата на градите која потсетува на нацистички симбол, што предизвика бурна реакција во јавноста.

Грејам Платнер, 41-годишен ветеран од маринците, изјавил дека дури откако бил предупреден од „новинари и инсајдери од Вашингтон“ сфатил дека неговата тетоважа со череп и вкрстени коски потсетува на нацистички симболи.

За сите храбри борци

Тетоважата станала видлива на видео објавено на социјалните мрежи, на кое се гледа како Платнер танцува во долна облека на свадбата на својот брат.

Симбол со мрачна историја

Тетоважата потсетува на „Totenkopf“ (мртовечка глава), симбол што го користеле нацистичките СС-сили за време на Втората светска војна. „Апсолутно не би живеел со ова на градите да знаев, а да се инсинуира дека сум знаел е одвратно. Веќе ја покрив тетоважата со нов дизајн“, изјавил Платнер.

Неговата поранешна политичка директорка, која дала оставка, ја нарекла тетоважата антисемитска. „Можеби не знаел кога ја правел, но ја направил пред многу години и требало да ја покрие бидејќи знае што значи“, рекла таа.

Се тетовирал во Хрватска

Платнер, кој се кандидира за демократската номинација за место во Сенатот, рекол дека тетоважата ја направил во Хрватска во 2007 година заедно со своите колеги маринци. Тој објаснил дека избрале слика од ѕидот на салонот за тетовирање додека пиеле. „Избравме застрашувачки череп и вкрстени коски од ѕидот бидејќи бевме маринци, а тоа се прилично стандардни воени работи“, рекол тој.

Повеќе од само тетоважа – контроверзна историја

Контроверзноста доаѓа во време кога се испитува и неговата историја на социјалните мрежи. Повторно се појавиле стари објави на Редит во кои тој го минимизирал значењето на сексуалниот напад во војската и се опишал себеси како комунист. Платнер се извинил, наведувајќи дека коментарите ги напишал по враќањето од војна додека се борел со депресија.

Сенаторот Берни Сандерс, еден од неговите најпознати поддржувачи, застанал во негова одбрана, велејќи дека тетоважата е избрана додека бил пијан. „Тој се извини за глупавите и навредливи изјави… Уверен сум дека ќе води одлична кампања и ќе победи“, рекол Сандерс.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Вака ли изгледа ќерка ти од 12 години?“: луѓето згрозени од новиот имиџ на Норт Вест

Македонскиот гитарски виртуоз се сретна со британскиот крал во Лондон