Игор Тудор испишува црна историја: Јувентус ја бележи најлошата серија во последните 16 години, а ‘Духот на Раниери’ се заканува да му ја земе работата
Хрватскиот стратег Игор Тудор се наоѓа на работ на амбисот. По синоќешниот пораз од 1:0 против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, неговиот Јувентус влезе во срамна серија од седум натпревари без победа во сите натпреварувања – најлошата криза во која клубот се нашол во последните 16 години. Она што требаше да биде револуција под водство на Тудор, се претвора во еден од најголемите неуспеси во поновата историја на клубот, а хрватскиот тренер сега е на само еден натпревар од израмнување на неславниот рекорд што доведе до отказ на еден негов претходник.
Голот на Џуд Белингам во 57-та минута беше само сол на раната за тимот кој изгледа целосно изгубено. Кризата на Тудор не започна со порази, туку со хаотични нерешени резултати. Сè започна со спектакуларното, но и загрижувачко 4:4 против Борусија Дортмунд во ЛШ. Потоа следуваше серија на киксови во Серија А: 1:1 со Верона, 1:1 со Аталанта, па дури и 0:0 со Милан. Работите тргнаа надолу со шокантниот пораз од 2:0 од новиот прволигаш Комо, за да кулминираат со синоќешниот неуспех во Мадрид.
Овој црн низ од седум меча без триумф е најлошиот за Јувентус од 2009 година. Тогаш, на клупата седеше легендарниот Клаудио Раниери, кој беше отпуштен токму откако врза осум натпревари без победа (6 нерешени и 2 порази). Сега, Игор Тудор се соочува со истиот „дух“ на Раниери. Следниот предизвик за Јувентус е пеколното гостување кај Лацио во Рим. Нов неуспех на тој натпревар ќе значи дека Тудор ќе го израмни рекордот на Раниери, а потоа, натпреварот дома против Удинезе би можел да биде денот кога Хрватот ќе постави нов, срамен рекорд за клубот.
Тудор беше доведен на местото на Масимилијано Алегри со ветување дека ќе донесе модерен, агресивен и напаѓачки фудбал, сличен на оној на Гасперини во Аталанта. Наместо тоа, навивачите гледаат тим кој е седми во Серија А, а во новиот формат на Лигата на шампионите е на катастрофалното 25-то место со само два бода, што сериозно го загрозува пласманот во следната фаза. Трпението на навивачите е при крај, а се чини дека и трпението на управата на „Старата дама“ нема да трае уште долго.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден