
Вежба на чешката полиција во градот Варнсдорф се претвори во вистинско фијаско, откако специјалците упаднале во погрешно училиште, предизвикувајќи паника кај учениците и професорите.
Според локалните медиуми, чуварите на редот организирале симулација на апсење напаѓач во округот Дечин. Според планот, сè требало да се одигра во зградата на поранешното основно училиште, но тие по грешка упаднале во соседната образовна институција – гимназијата.
Никој не бил известен
Во гимназијата, апсолутно никој не бил известен за полициската вежба – ниту вработените, ниту учениците, пренесува „Novinky“.
„Полицајците заѕвониле на вратата, а кога им отворил домарот, едноставно влетале внатре. Професорите и учениците биле шокирани, не знаеле што се случува“, објаснил градоначалникот на Варнсдорф, Јан Шимек.
Мислеле дека учениците се статисти што „добро глумат“
Иронијата на ситуацијата е што полицајците, од друга страна, мислеле дека паничните реакции на учениците се само „добра глума“ од страна на статистите кои биле дел од вежбата. Дури по неколку минути сфатиле дека нешто не е во ред, а потоа командантите ги известиле дека влегле во погрешната зграда.
Полицијата веднаш ја напуштила гимназијата и се префрлила во вистинскиот објект. Портпаролот на полицијата го потврди инцидентот, наведувајќи дека се работи за „човечка грешка“ и упати извинување до раководството на училиштето за непријатностите.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







