во ,

Драма на Татрите: Однесоа бебе на замрзнат врв, па немаа пари за спасувачи

На снежните падини на планината Риси, во склоп на Високите Татри на границата на Полска и Словачка, неодамна се одиграла драма која луѓето долго ќе ја прераскажуваат.

Меѓу оние кои, во утринските часови, чекореле по замрзнатите патеки била и тричлена фамилија од Литванија – мајка, татко и нивното бебе од девет месеци, пренесува TVP World. Оваа неверојатна приказна за екстремна неодговорност ја сподели планинскиот водич Шимон Стох, кој на крајот морал да го спасува бебето.

Викенд Намаление

„Рекоа дека одат до врвот“

Планинскиот водич Шимон Стох, кој водел група планинари по истиот пат, го забележал семејството на стрмен и замрзнат дел од патеката. Популарната Фејсбук страница „Tatromaniak“ опишува дека условите „барале не само соодветна опрема, туку и големо искуство и претпазливост“.

Стох тврди дека парот одлучил да го продолжи својот подем, и покрај предупредувањата. „Носеа бебе и рекоа дека одат до врвот“, раскажал тој, додавајќи дека повеќепати се обидел да ги разубеди.

Враќањето станало проблем

Семејството стигнало до врвот, но враќањето станало проблематично. Патеката била уште полизгава, па го замолиле Стох да им ја отстапи својата опрема.

Планинскиот водич одбил да го стори тоа, бидејќи заедничкото спуштање на јаже, како што објаснил, можело трагично да заврши – ако само една личност изгуби рамнотежа. Затоа ги советувал да ја повикаат Горската служба, но родителите рекле дека немаат патничко осигурување, ниту можност да ги платат трошоците за спасување.

„Херојски чин“

Тогаш Стох донел одлука да го преземе бебето и самостојно да тргне надолу по планината. Многумина овој чин го нарекоа „херојски“.

„Чекор по чекор, целосно сконцентриран, го однесе бебето на сигурно. Многу веројатно е дека така му го спаси животот“, наведува страницата „Tatromaniak“.

Несекојдневната приказна предизвика бурни реакции во јавноста, а еден корисник на социјалните мрежи напишал: „Жал ми е за детето со такви родители“. Многумина сметаат дека таткото и мајката треба да одговараат поради загрозување на животот на бебето, додека други иронично забележале дека оваа ситуација веројатно ќе ја паметат како „убава семејна авантура“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Запознајте ги „кул кравите“ кои се одгледуваат да испуштаат помалку метан

Александра се туширала, а машината за перење ја „стресела“ од струја