во ,

Научниците се сериозни, дали наскоро ќе дишеме низ нашиот задник?

Можеби сме чекор поблиску до можноста да дишеме преку ректумот.

Ново клиничко испитување на луѓе покажало дека е безбедно да се дава кислород – ректално. Истражувањето кое доведе до испитување на можноста за дишење преку ректумот, минатата година ја освои Иг Нобеловата награда за физиологија – и постои добра причина за тоа. Станува збор за награда за необични достигнувања во научното истражување. Доколку се покаже ефикасна, оваа метода би можела да стане резервен метод за обезбедување кислород на пациенти со блокирани дишни патишта.

Викенд Намаление

Механизмот не е сосема без преседан. Познато е дека животни како свињи, некои глодари, желки и риби можат да „влечат“ кислород во своето тело преку аналниот отвор, доколку се укаже потреба.

Повеќе од само бизарна идеја – првиот тест за безбедност

Процесот се нарекува „ентерална вентилација“, а истражувачите предвидуваат дека кај луѓето тоа би вклучувало испорака на перфлуоројаглеродна течност која содржи многу висока концентрација на кислород – директно во ректумот. Идејата е кислородот да помине низ цревните ѕидови и да влезе во крвотокот, заобиколувајќи ги сите проблеми што пациентот може да ги има со дишењето на вообичаен начин.

Првото клиничко испитување не го тестирало тоа колку добро методот функционира – истражувачите биле фокусирани исклучиво на тоа дали е безбеден. Во експериментот во Јапонија, учествувале 27 здрави мажи – доброволци. Тие биле задолжени во својот ректум да задржат одредена количина на *неоксигенирана* верзија на течноста во текот на 60 минути.

Не биле пријавени сериозни несакани ефекти, иако учесниците кои ги земале најголемите количини чувствувале надуеност во стомакот, непријатност и болка. Останатите витални знаци останале непроменети.

Што следува?

„Ова се првите податоци за примена на методот за дишење преку ректумот кај луѓе, а резултатите се ограничени исклучиво на демонстрирање на безбедноста на постапката, а не на нејзината ефикасност“, вели Такенори Такебе, биомедицински научник од Универзитетот во Осака.

„Сега, кога ја констатиравме безбедноста, нашиот следен чекор е да процениме колку е ефикасен процесот за испорака на кислород во крвотокот“, додал Такебе. Во следното испитување ќе се користи правилно оксигенирана верзија на течноста.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Црвена река од 100 милиони краби ги преплави улиците на австралискиот остров