во ,

Враќање на заборавената нијанса, минт-зелената ги „запали“ социјалните мрежи

Постои нешто ослободувачко во моментот кога ќе одлучите да ја промените бојата на лакот за нокти.

Иако изгледа како ситница, психолозите потврдуваат дека боите силно влијаат на нашето расположение – па така црвената буди енергија, сината смирува, а зелената… враќa рамнотежа. Оваа есен, токму таа зелена боја доживува голем кам-бек – и тоа нијанса на која речиси заборавивме. Се вика минт-зелена, и повторно стана омилена меѓу трендсетерките, маникирките и славните личности. Заборавете на класичните „nude“ тонови – ако се суди според социјалните мрежи, зелената е новата неутрална боја.

Викенд Намаление

Минт-зелена – враќање на свежината и оптимизмот

Некогаш омилена во летните денови, минт-зелената на некое време исчезна од трендовите. Ја заменија студени сини и беж нијанси, а сега се враќа во полн сјај, како модерна, елегантна и истовремено смела опција. Заслугите за нејзиното враќање ѝ се припишуваат на славната пејачка Деми Ловато, која неодамна покажа како оваа нијанса може да се носи и во текот на есента.

Нејзината маникирка избрала минт-тон само на врвовите на ноктите, додека основата останала неутрална, што дало софистициран и освежителен контраст. Резултатот е маникир кој изгледа луксузно, но непретенциозно.

Како се носи зелениот маникир оваа сезона

Палетата на нијанси е огромна: од пастелни и маслинести тонови до неонски акценти и темнозелени варијации со смарагден сјај. Еве неколку совети како да го постигнете совршениот зелен маникир:

  • За елегантен изглед: изберете пастелна минт или маслинесто зелена во мат-финиш.
  • За софистициран ефект: користете зелени врвови на „nude“ основа – „француски маникир“ во модерна верзија.
  • За храбар изглед: испробајте неонски тонови со металик детали.

Повеќе од само тренд – симбол на рамнотежа

Зелената боја не е само тренд, туку и емоционален баланс. Во психологијата на боите, таа симболизира живот, свежина, мир, среќа и надеж. Затоа не е случајно што токму таа сè повеќе се враќа во ентериерот, гардеробата, па и во рутината за убавина. Носи порака на смиреност, но и на храброст – идеална е за жени кои сакаат да покажат карактер, но да ја задржат елеганцијата. Освен тоа, зелената нијанса одлично им прилега на сите тонови на кожа.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Треба веднаш да се запали“: Ја отвори кутијата на пандора среде шума

Никол Кидман го „запали“ Холивуд во фустан со шлиц, ова беше јасна порака за Кит Урбан