во ,

„Буквално се молам на колена“: Премиерот на Јамајка во очај пред ударот на „Мелиса“

Јамајка се подготвува за директен удар од ураганот Мелиса, најсилната бура што некогаш е забележана во историјата на островот.

Премиерот Ендрју Холнес во драматично обраќање до нацијата ги предупреди граѓаните дека ова е „бура без преседан“ и ги повика на целосна евакуација на крајбрежните области, велејќи: „Буквално се молам на колена сите да се сфатат сериозно“.

Викенд Намаление

Мелиса, која е редок и екстремно моќен ураган од Категорија 5, веќе предизвика огромни штети и најмалку 12 жртви на својот пат низ Карибите, вклучувајќи ги Хаити и Доминиканската Република. Сега, со ветрови кои надминуваат 280 км/ч, таа се движи директно кон Јамајка.

„Ова е најлошиот можен сценарио“

Метеоролозите предупредуваат дека ова е „најлошото можно сценарио“ за Јамајка. Огромната јачина на ураганот се заканува со катастрофални бранови, екстремни поплави и разорувачки ветрови. Се очекуваат повеќе од 600 литри дожд на метар квадратен, што речиси сигурно ќе предизвика катастрофални свлечишта низ целиот остров.

„Сите мора да разберат дека ова не е обична бура. Ова е најголемата закана со која сме се соочиле. Мораме да се подготвиме за најлошото“, изјавил премиерот Холнес, додавајќи дека армијата е распоредена за да помогне во евакуацијата.

Повеќе од само бура – споредби со „Гилберт“

Атмосферата на островот е исполнета со страв, бидејќи оваа бура ги надминува дури и сеќавањата на ураганот „Гилберт“ од 1988 година, кој досега важеше за најразорната бура што ја погодила Јамајка. Со оглед на тоа што „Мелиса“ е посилна, побавна и носи повеќе дожд, властите стравуваат дека уништувањето би можело да биде незамисливо.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Што има, бебо?“: Јокиќ ги шармираше Мекгрејди и Кармело по новиот трипл-дабл

Најслатката интервенција во Австрија, пожарникарите го спасија Тео од лулашката