во ,

„Не сум јас!“: Шокантна снимка како полицијата со тејзер апси погрешен човек по масакрот

Двајца осомничени, двајцата британски државјани, беа уапсени под сомнение за обид за убиство во саботата вечерта, откако напаѓач рани 11 лица со нож во воз во Хантингдон, Велика Британија.

Еден од нив во меѓувреме е пуштен на слобода, а другиот маж се третира како единствен осомничен. Медиумите денес објавија снимка на која се гледа како еден од патниците во возот вика „Не сум јас!“, откако полицајците го совладале со електрошокер, мислејќи дека тој е напаѓачот.

„Не сум јас!“

На видеото се слуша како полицајците цело време викаат „лези, лези“ (легни), додека човекот во еден момент паѓа на земјата од болка. Потоа тој продолжува да вика „не сум јас“ додека полицајците му ставаат лисици.

Единаесет лица се згрижени во болница по нападот. Во неделата вечерта, Британската транспортна полиција (BTP) потврди дека петмина повредени се отпуштени дома. Сепак, директорот на железничката компанија LNER изјави дека еден нивен колега, вработен во возот, е во животно-загрозувачка состојба.

Повеќе од само напад – активиран „Код Платонов“

Полицијата во еден момент прогласила „Код Платонов“, термин кој службите за итни случаи го користат кога реагираат на „терористички напад со пљачкосување“, но во неделата соопштила дека ништо не укажува на тоа дека станува збор за терористички напад.

Мотивот на осомничениот напаѓач сè уште не е познат. Полицијата соопштила дека на лице место пронашла нож.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кина има нов „летечки џин“, хибрид меѓу ловец и бомбардер

Тајната што ја криеја со децении, Лајка умрела во агонија само неколку часа по лансирањето