во ,

Мислите дека сте трезни наутро? Ако сте испиле 5 пива, не смеете да возите 12.5 часа!

Алкохолот останува во телото одреден временски период, и затоа опасноста во сообраќајот се зголемува.

Она што многумина не го знаат е дека по ноќ на пијанство, алкохолот останува во телото долго време и возачите сè уште не се подготвени да седнат зад воланот наутро. Во Велика Британија, на пример, помеѓу пет часот наутро и 11 часот наутро, дури една четвртина од возачите биле казнети за возење под дејство на алкохол.

Супер Попуст -25%

Тоа колку брзо алкохолот ќе влијае врз вас зависи од полот, возраста, метаболизмот, телесната тежина, видот на алкохолот, што сте јаделе пред консумирање, како и од нивото на стрес.

Колку долго треба да чекате пред да возите?

Британската организација за безбедност на патиштата „Роуд Респект“ (Road Respect) ја анализираше потрошувачката на алкохол и способноста за возење и издаде препораки за тоа колку долго треба да чекате по пиењето, односно колку долго алкохолот останува во телото.

Чаша вино (13,5 проценти алкохол)

  • Еден пијалок – 3,5 часа
  • Два пијалоци – 7 часа
  • Три пијалоци – 10,5 часа
  • Четири пијалоци – 14 часа
  • Пет пијалоци – 17,5 часа

Чаша жесток пијалок (40 проценти алкохол)

  • Еден пијалок – 1,5 часа
  • Две пијалоци – 3 часа
  • Три пијалоци – 4,5 часа
  • Четири пијалоци – 6 часа
  • Пет пијалоци – 7,5 часа

Пиво, лагер (5 проценти алкохол)

  • Еден пијалок – 2,5 часа
  • Две пијалоци – 5 часа
  • Три пијалоци – 7,5 часа
  • Четири пијалоци – 10 часа
  • Пет пијалоци – 12,5 часа
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Ова е масакр!“: Лула бара истрага за полициската акција во Рио со 121 жртва

5-те најдобри идеи за тиква оваа есен: Од крем супа до десерт што се прави за 10 минути