
‘Кој е следен?’ со герила акција во Скопје: ‘Не смееме да дозволиме семејствата од ‘Пулс’ да маршираат сами’
Активистичката група „Кој е следен?“ денеска спроведе герила акција низ центарот на Скопје, со цел да ја мобилизира јавноста и да ги повика скопјани масовно да излезат на „Маршот на ангелите“. Овој марш, во организација на семејствата на 63-те жртви од трагедијата во Кочани, ќе се одржи во сабота, 15 ноември, точно напладне.
Акцијата на „Кој е следен?“ е повик за солидарност со семејствата, кои секоја сабота протестираат во Кочани, но овојпат својот револт го носат во срцето на институционалната моќ.
„Болката е наша, но борбата е заедничка“
Маршот, организиран од Здружението „16 март“, има јасна и симболична рута. Ќе започне на Плоштадот „Македонија“ во 12:05 часот, ќе продолжи кон Собранието, а ќе заврши пред Основниот кривичен суд. Оваа рута не е случајна – таа е директна порака до законодавната и судската власт, само неколку дена пред почетокот на главното судење за масакрот, закажано за 19 ноември.
Здружението повторно упати повик до сите граѓани: „Веруваме дека Македонија има совест. Знаеме да се сплотиме кога најмногу боли и сме подготвени заедно да застанеме против најголемото зло — корупцијата што им ги одзеде животите на нашите деца. Болката е наша, но борбата е заедничка.“
„Оваа борба нема да ја напуштиме“
Од „Кој е следен?“ додаваат дека трагедијата во Кочани не смее да се третира како изолиран, локален настан, туку како национална катастрофа која бара одговорност од целиот систем. „Не смееме да дозволиме семејствата да маршираат сами, додека ние продолжуваме со секојдневието“, порачаа активистите.
Нивната герила акција денеска е потсетник дека борбата за правда за 63-те изгубени животи не е само правна битка што ќе се води во судница, туку и морален тест за целото општество. Повикот е јасен: Скопје мора да застане рамо до рамо со Кочани и да покаже дека нема да дозволи оваа трагедија да биде заборавена.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







