во ,

Работи како чистач во Хрватска, а дома се врати со хеликоптер како милионер!

Непалец кој работи во дубровничка „Чистоќа“ за плата помала од 1.000 евра, одлучил своето враќање во татковината да го претвори во незаборавен спектакл.

По пристигнувањето во Непал, тој изнајмил хеликоптер кој него и неговото семејство ги спуштил директно на ливада покрај нивното село. Необичната глетка ги привлекла мештаните кои го снимале слетувањето, додека децата трчале наоколу, а „главниот јунак“ излегол од леталото со насмевка.

Ја дал целата месечна плата за 5 минути слава

Според достапните информации, работникот за овој петминутен лет издвоил околу 800 евра, што е речиси износот на неговата месечна плата што ја заработува во Дубровник. Овој чин потсетува на некогашните гастарбајтерски приказни – желбата да се покаже пред семејството и селото дека тешката работа и жртвата во туѓина се исплателе, иако таму често се соочуваат со предрасуди и работат тешки физички работи.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Веднаш фрлете ги: Овие 5 предмети во бањата се „темпирана бомба“ за здравјето

СКАНДАЛ НА ПАРАДА: Полицајка прегази деца со мотор, па направи нешто што ги згрози сите! (ВИДЕО)