во ,

„Фала му на Бога, добар сум“: Путин призна дека преноќил во болница, шпекулациите зоврија

Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека неодамна поминал една ноќ во болница за медицински прегледи, но се обиде да ја смири јавноста велејќи: „Фала му на Бога, сè е во ред“.

За време на посета на изложба во Москва, тој објасни дека бил подложен на дводневни тестови – бил примен едно попладне и отпуштен следниот ден. Сепак, ова признание само ги подгреа долгогодишните шпекулации за неговата здравствена состојба.

Од Паркинсонова болест до онколози

Супер Попуст -25%

Медиумите потсетуваат на серија необични симптоми: неконтролирано грчење на нозете за време на средба во Казахстан (што некои лекари го поврзуваат со Паркинсонова болест), постојано чешање и екстремно подуено лице. Теоријата дека Путин се лекува од рак произлегува од истражувањето на агенцијата „Проект“, која открила дека онколог специјализиран за рак на тироидната жлезда го посетил Путин во Сочи дури 35 пати.

Мистеријата за двојниците

Покрај здравствените проблеми, сè погласни се и теориите за користење на двојници. Неодамна, фотографии од посетата на Курск покажаа човек со значително потенко тело и лице од вообичаеното за Путин, како и различен ракопис. Јапонски експерти за вештачка интелигенција дури тврдат дека постојат двајца редовни двојници што ги користи рускиот претседател.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп и „комунистот“ Мамдани лице в лице: Историска средба во Белата куќа овој петок!

„Дали е терорист?“: Маск со шокантно прашање за саудискиот принц среде Белата куќа