
Анкетата нарачана од германскиот весник „Тагешпигел“ покажува јасна слика: мнозинството жители на Берлин (67%) не сакаат нивниот град да стане кандидат за домаќин на Олимписките игри.
Според резултатите, само 27 проценти ја поддржуваат идејата за Игрите во 2036, 2040 или 2044 година. Ова претставува сериозен удар за амбициите на Германија, иако Германската конфедерација на олимписки спортови (DOSB) конечната одлука за градот-кандидат ќе ја донесе дури во третиот квартал од 2026 година.
„Типичен берлински скептицизам“
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Додека Берлин вели „не“, Минхен и регионот Рајна-Рур покажуваат поголем интерес. Претставникот за Олимписките игри, Каве Нироманд, се обиде да ја смири топката, велејќи дека таквиот скептицизам е „типично берлински“, но верува дека градот знае да создаде ентузијазам кога ќе дојде моментот.
Германија последен пат беше домаќин на Летните игри во Минхен во 1972 година, а неколку обиди за нова кандидатура во последните децении пропаднаа токму поради слабата јавна поддршка и негативните референдуми.


