во ,

Се исече на хартија и за малку ќе настрадаше: Една недела подоцна настана вистински пекол!

Она што изгледало како безопасна исеченица од хартија, се претворило во сериозна здравствена драма за 63-годишната Мелинда Хауард од Мисисипи.

Сè започнало додека Мелинда преместувала кутии. Во еден момент почувствувала остра болка и сфатила дека се исекла. Во првиот момент не придала значење, ја премачкала раната со антибактериски крем, ја завиткала и продолжила понатаму, убедена дека брзо ќе зарасне.

Пекол една недела подоцна

Супер Попуст -25%

Но, една недела подоцна, почувствувала силна болка. Кога го извадила завојот, сфатила дека нешто не е во ред – раката ѝ била отечена, црвена и изгледала многу лошо. Во болницата било утврдено дека исеченицата се инфицирала, па итно примила инјекција и добила терапија со антибиотици.

Зошто се искомплицирало?

Лекарите објасниле дека подложноста на инфекции кај Мелинда била зголемена бидејќи таа со години земала лек кој ја истенчува кожата и го забавува зараснувањето на раните. Експертите советуваат дека дури и најмалите исеченици треба веднаш да се измијат со вода и антибактериски сапун. Иако се опоравува, Мелинда вели: „Беше тоа мала исеченица од хартија, но ситуацијата се искомплицира“.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Од цената боли глава: Златник стар 416 години продаден за 3 милиони евра!

ВКЛУЧЕН ЖОЛТ АЛАРМ: Доаѓа циклон со обилни врнежи и драстичен пад на температурите!