
Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје се соочува со сериозни прекини и потешкотии поради опасен метеоролошки феномен познат како „wind shear“.
Синоќа, најмалку два лета (од Истанбул и Венеција) не успеале да воспостават стабилен приод кон пистата и биле принудени да се пренасочат кон аеродромот во Приштина. Особено драматична била ситуацијата со летот од Венеција, кој кружел над Скопје повеќе од еден час пред екипажот да донесе одлука за пренасочување.
Што е „Wind shear“ и зошто е опасен?
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Феноменот „wind shear“ претставува нагла и остра промена на брзината или насоката на ветерот во многу мал воздушен простор. Ова се смета за една од најопасните состојби во авијацијата, особено при слетување, бидејќи може да предизвика нагло губење на висина и потисна сила, ставајќи ги пилотите пред сериозен предизвик да го стабилизираат леталото.
Проблемите продолжуваат и утрово
Според најновите информации, феноменот е сè уште актуелен. Утрово, авиони од Ларнака и Истанбул морале да кружат неколку пати околу аеродромот чекајќи погоден момент за безбедно слетување, што предизвикало доцнења од над 30 минути.


