во ,

ПЕКОЛ ВО ХОНГКОНГ: 36 мртви, речиси 300 исчезнати, горат 7 облакодери!

Најмалку 36 лица загинаа, а дури 279 се водат како исчезнати по катастрофалниот пожар во Хонгконг, кој зафати седум висококатници од станбениот комплекс „Ванг фук корт“.

Супер Попуст -25%

Властите информираат дека пожарот сè уште е активен, иако полека се става под контрола. Во драматичната битка со огнот учествуваат над 800 пожарникари со 140 возила, а меѓу жртвите има и еден пожарникар.

Кобните бамбусови скелиња

Официјалните лица истакнаа дека брзината на ширење на огнот била невообичаена. Се верува дека пожарот избувнал на бамбусовите скелиња кои го опкружувале комплексот поради реновирање. Стотици жители се евакуирани, а десетици се во болница во критична состојба.

Комплексот, изграден во 1983 година, се состои од осум згради со по 31 кат и е дом на над 4.600 луѓе, од кои една третина се постари лица над 65 години, што ја прави трагедијата уште поголема.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Механички балет“ на минус 20: Како Монтреал го чисти снегот со 2.500 машини во совршен ритам?

ПУКАЊЕ КАЈ БЕЛАТА КУЌА: Застрелани двајца војници на Националната гарда, напаѓачот уапсен!