во ,

Јадеше 10.000 калории дневно за шоу, па почина во сон: Трагичниот крај на рускиот инфлуенсер

Рускиот фитнес тренер и инфлуенсер Дмитриј Нујанзин (30) почина во сон откако со недели спроведувал опасен експеримент – јадел по 10.000 калории дневно за намерно да се здебели.

Нујанзин имал план да качи 25 килограми, а потоа драстично да ги симне заедно со своите клиенти во „маратон за слабеење“, за да им послужи како мотивација. Секојдневно консумирал огромни количини брза храна: колачи и торта за појадок, кнедли со мајонез за ручек, хамбургери и пици за вечера, а помеѓу оброците грицкал чипс.

Срцето не го издржало „маратонот на храна“

Супер Попуст -25%

Откако успеал да качи околу 13 килограми за неколку недели (од 92 на 105 кг), тој почнал да се жали на лоша здравствена состојба и ги откажал тренинзите, најавувајќи дека ќе оди на лекар. За жал, не стигнал – бил пронајден мртов, а според руските медиуми, неговото срце застанало во сон поради екстремното оптоварување на организмот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дали светот полуде? Германците масовно шетаат „невидливи кучиња“ на поводник!

ШОК ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Уставен го укина линеарното покачување, 70% ќе земаат помала пензија!