
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието изјави дека Уставниот суд донел одлука со која се укинува линеарното зголемување на пензиите, а документот веќе е потпишан од судијката Добрила Кацарска.
Според Мицкоски, ова значи дека пензионерите од следниот месец повеќе нема да добиваат фиксно зголемување, туку корекции според законските проценти. „Тоа значи дека 70 проценти од пензионерите ќе добијат помала пензија“, рече премиерот, додавајќи дека оваа мерка била наменета токму за најранливите категории со пензии од 8.000 до 12.000 денари.
„На пензионерите им кратат 1.000 денари, а на судиите ќе им ги качат платите?“
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Мицкоски жестоко ја критикуваше одлуката, нарекувајќи ја неправда. Тој направи паралела меѓу кратењето кај пензионерите и потенцијалното одмрзнување на платите на функционерите во правосудството. „Замислете, на пензионерите им се укинува зголемување од 1.000 денари, а можеби ќе се донесе одлука да им се зголемат платите на судиите и обвинителите кои земаат по 2.500, 3.000 или 4.000 евра“, истакна премиерот.


