во ,

Конечно! Скопје добива Луна Парк: Ролеркостери, пиратски брод и VR зони на 84.000 квадрати

Крај на чекањето: Скопје добива ултра-модерен Луна Парк на 84.000 квадрати со ролеркостери и аква-атракции

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја сподели долгоочекуваната вест – започнува јавната набавка за изградба на новиот Луна Парк. По децении лажни ветувања, главниот град конечно ќе добие забавен парк според највисоки европски стандарди, кој ќе се простира на импозантна површина од 84.000 квадратни метри. Проектот ветува дека ќе биде еден од најдобрите во регионот, означувајќи нова ера на семејна забава.

Супер Попуст -25%

Новиот Луна Парк ќе понуди содржини за сите генерации: од панорамско тркало, пиратски брод, подморница и „среќна лулашка“, па сè до адреналински ролеркостери, водени атракции и зони со виртуелна реалност. Комплексот ќе биде целосно пристапен за лица со попреченост, опремен со најсовремени безбедносни системи, а ќе вклучува и театар со затворена сцена, зони за одмор и простор за културни настани.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ШОК ВО КИСЕЛА ВОДА: Утрово пронајдено безживотно тело на младо момче

Ја предвиде својата смрт? Мери Магдалена го смени името на Инстаграм пред да падне од 9-ти кат